Хамбуршката полиција објави „крај на заложничката криза“ на аеродромот во споменатиот германски град, откако маж (35) кој од синоќа ја држеше својата ќерка (4) во автомобилот со кој излетал на пистата, се предал.
– Осомничениот излегол од автомобилот со ќерката. Тој не дал отпор при апсењето. Детето изгледа неповредено – изјавила портпаролката на полицијата Сандра Левгрин.
Кризата почнала во 20 часот и 24 минути, кога маж со автомобил „ауди“ влетал на пистата пред авионот, пукал во воздух и фрлил два молотови коктели, додека ја држел ќерка си во возилото.
BREAKING: Hamburg police say the hostage situation at Hamburg Airport is now over, after the suspect was arrested without resistance
Read more: https://t.co/fNmZDYwAsm
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/c7B3NKe8Xa
— Sky News (@SkyNews) November 5, 2023
Локалниот весник Хамбургер морген пост утринава објави дека преговорите на барање на киднаперите се водат на турски јазик со помош на преведувач, а други медиуми објавија дека таткото сака да лета во таа земја со својата ќерка.
Полициски хеликоптери го прелетале аеродромот и ја проверувале ситуацијата, а киднаперот во еден момент го оддалечил автомобилот на неколку метри.
Имаше и наводи дека мажот имал експлозив со себе.