AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

По Брегзит голем хаос во Велика Британија – масовно се полнат возила со гориво

Во Велика Британија настана паника поради најавата дека стотици бензински пумпи ќе воведат ограничувања за возачите да наполнат гориво. Имено, голем број бензински пумпи објавија дека возачите ќе можат да наполнат гориво во вредност од 30 фунти, или околу 4.000 динари, што предизвика огромна гужва.

Стравувајќи дека нема да има доволно гориво, многумина притрчаа кон бензинските пумпи за сами да го обезбедат.

Мораше да реагира и полицијата.

Некои возачи земаа кофи со себе за да обезбедат резерви.

Владата на Велика Британија ги повика возачите да се однесуваат како порано и да не се грижат за недостаток на гориво.

Некои пумпи забележаа дека ограничувањата нема да важат за амбулантни возила и возачиte на камиони.

Инаку, проблемот со горивото настана поради недостаток на возачи на камиони, што предизвикува зголемени проблеми во снабдувањето и поради што беа затворени одредени бензински пумпи.

Владата на Велика Британија рече дека проблемот ќе биде решен.

Се проценува дека Велика Британија ќе увезе 100.000 возачи за нормализирање на ситуацијата.