Фондацијата „Бугарска меморија“ од својата веб страница ја избриша фотографијата на која е директорката на битолското Техничко училиште Жанета Сервини и нејзиниот заменик Љупчо Здравковски.
Исто така избришан е и делот од текстот каде пишуваше дека заедно со учениците од Македонија, истомисленици на културниот клуб „Ванчо Михајлов“, пристигна и раководството на Техничкото училиште во Битола.
Како ништо од ова да не се случило, објавија друга со осуда за неправедното обвинување на директорите во јавноста.
„Г-ѓа Сервини и г-дин Здравковски беа во Бугарија на покана на приватното училиште „Цар Симеон Велики“ за планиеање на заеднички проекти според Еразмус програмата. Нагласуваме дека двете не се дел од бугарското здружение „Иван Михаилов“ во Битола. Чиста случајност е што нивната посета се совпадна со посетата на македонски ученици на покана на Милен Врабевски и бугарската фондација“, пишува на веб страницата на фондацијата.
Претходно, денеска директорката Сервини се огласи со демант дека во Бугарија не патуваше со ученици од Техничкото училиште, туку само со нејзиниот заменик, а целта на патувањето била Еразмус соработка со бугараско училиште.