Првата фотографија од пејачката Тања Савиќ и градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ пристигна како потврда за она за што медиумите веќе извесно време шпекулираат – пејачката и политичарот се во заедничка романтична врска.
Иако ниту Драшко ниту Тања не ги потврдија или негираа наводите за романтичната врска, тамошните медиуми пишуваат дека најновата фотографија од Инстаграм на Тнаја докажува дека биле во ресторан во Белград, каде уживале во романтична вечера заедно.
Младиот градоначалник на Бања Лука вчера бил во тајна посета на Белград, а со својата избраничка Тања наводно се сретнал во луксузен ресторан.
Пејачката фотографијата ја сподели на Инстаграм.
Машката рака што се гледа на фотографијата е наводно на Драшко.

