Македонија

По инцидентот на ,,Рекорд”, на излезот од Скопје е каменуван автобусот на навивачите од Солун

По инцидентот на ,,Рекорд”, на излезот од Скопје е каменуван автобусот на навивачите од Солун

Како што дознава ,,Инфомакс” од сигурни извори, откако навивачите на ПАОК од Солун направија инцидент во Скопје и пробаа да нападнат младо момче со обележје на Вардар кое случајно се движело во центарот на главниот град, на излезот од Скопје се случил нов инцидент.

Овој пат група на македонски навивачи го каменувале автобусот со навивачи од Грција кои биле на пад да си заминат од Македонија. За среќа не дошло до посериозен инцидент, по што веднаш реагирале од ЕБР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни