Свет

По одлуката на Газпром: Се огласи и претседателот на Думата – „Русија треба да донесе исти мерки и за другите непријателски земји“

По одлуката на Газпром: Се огласи и претседателот на Думата – „Русија треба да донесе исти мерки и за другите непријателски земји“

Вјачеслав Володин, претседателот на Думата, денеска оцени дека најголемиот руски производител на природен гас, Газпром, донел правилна одлука за целосно прекинување на испораката на гас за Бугарија и Полска и додаде дека Русија треба да ги преземе истите мерки и кон другите „непријателски земји“.

„Истото треба да се направи и кон другите земји кои се непријателски настроени кон нас“, напиша Володин на социјалната мрежа Телеграм.

„Газпром“ објави дека продолжува да ја снабдува Европа со природен гас преку Украина, но истакна и дека денеска има помалку барања за испорака на гас во споредба со вчера.

Денеска, 27 април, нарачките изнесуваат 48,7 милиони кубни метри, што е намалување во однос на вчерашниот ден кога беа нарачани 56 милиони кубни метри, пишува во соопштението.

Русија изутринава официјално ја прекина испораката на гас за Полска, откако европската држава објави дека нема да плаќа руски гас во рубли.

Да потсетиме, Путин на крајот на март потпиша декрет со кој на странските купувачи на руски гас им се наредува гасот да го плаќаат во рубљи од 1 април, во спротивно Русија ќе ги „затвори чешмите за непријателските земји“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни