Македонија

По поплавените домови во Долнени, исклучена струјата превентивно – се испумпува водата

По поплавените домови во Долнени, исклучена струјата превентивно – се испумпува водата

Од Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Прилеп сме известени дека дождот престана, а дека водата во поплавените населени места се повлекува

Поголем дел од Општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата за да заштитат луѓето и мрежата.

Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани.

До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни