Македонија

По препораките, градоначалникот на Град Скопје Шилегов не оди на работа со автобус, туку со еко-автомобил

Автобус преполн со патници. Дел од граѓаните одлучија бесплатно да го користат јавниот превоз. Но, сепак, има и такви кои не ги послушаа препораките на Град Скопје, го запалија автомобилот и дојдоа на работа. Скопјани кои одлучија да патуваат бесплатно, велат дека деновиве имало повеќе гужва од вообичаено.

„Три дена по ред е надминат минимумот на ПМ 10 честички предвиден со закон. Со ова, Град Скопје ги активираше мерките за бесплатен јавен превоз, сѐ до намалување на аерозагадувањето. Укинати се и сите градежни активности, а двојно е зголемена и цената за паркинг. Но, и покрај ова, администрацијата на Град Скопје и градоначалникот, Петре Шилегов, дојдоа со нивните автомобили“, вели репортерката на ТВ21.

Паркингот на Град Скопје беше преполн со возила. Освен вработените во градската администрација, на работа со автомобил дојде и градоначалникот Шилегов.

„Никому не можеш да му наметнеш со што да дојде на работа. На нас како Град Скопје е да апелираме што помалку да се користат автомобили. Меѓутоа, ние како Град Скопје одамна, возниот парк го снабдивме со хибридни возила. Обично тие или загадуваат малку или пак воопшто не загадуваат. Ние ги користиме нив. Лично јас и секторот имаме вакви возила. Градоначалникот на работа дојде со електричен автомобил“, истакна Ваљон Салиу, портпарол на Град Скопје.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиу вели дека според мерењата, годинава имаме помалку загадени денови во споредба со минатата година. Уверува дека е зголемен бројот на инспекциските контроли, како и на казните кои им биле изречени на граѓаните и претпријатијата, односно во 2017 година имало само 10 казни, а во 2019 – 61. Македонија пред два дена беше рекорден кога станува збор за загадување на воздухот, а денеска се најде на 20-тото место со измерено присуство од 141 на ПМ10 честички.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни