Свет

По пукањето во Тексас: Расте критиките за полициската акција

По пукањето во Тексас: Расте критиките за полициската акција

Пораснаа критиките за полициската акција во првите клучни минути од нападот со 21 жртва по пукањето во Тексас.

Родителите на 19-те убиени деца продолжуваат да бараат одговори, а полицијата – мотивите кои доведоа 18-годишно момче да изврши масовно убиство.

Во Њујорк се одржа протест против поседувањето оружје, а местото на пукањето го посети војвотката од Сасекс Меган Маркл.

Според последните информации, чуварите не го спречиле напаѓачот, а вратата од училиштето била отклучена. Службениците на редот влегле четири минути по пукачот, но поминал еден час пред да биде убиен.

Стрелецот бил убиен дури откако таму пристигнале тактички тимови на американската гранична патрола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни