По добиениот срцев удар во првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство, данскиот фудбалер Кристијан Ериксен за првпат го посети тренингот на фудбалскиот клуб Интер.
Миланскиот клуб на својата веб -страница објави дека Ериксен е во „одлична ментална и физичка форма“.
На 12 јуни оваа година, Ериксен доживеа срцев удар на теренот за време на натпреварот против Финска (0:1), а неколку дена подоцна му беше вграден и уред за контролирање на отчукувањата на срцето.
Во италијанската Серија А е забрането да се игра фудбал со инсталиран таков уред, а се уште е неизвесно дали Ериксен воопшто ќе ја продолжи кариерата.
„Тој сега ќе ја следи програмата за опоравување предложена од данските лекари во Копенхаген. Медицинскиот персонал на Интер ќе биде информиран во текот на целиот процес“, се вели во соопштението на клубот.
Играчот од средниот ред одигра 44 натпревари за Интер и постигна четири гола.
📹 | VIDEO
— Inter 🏆🇮🇹 (@Inter_en) August 4, 2021
Eriksen back at the Suning Training Centre 👇pic.twitter.com/J35TO1EPRZ
