Македонија

По уште едно каснување на дете од бездомно куче жители на населбата Баир искочија на протест пред Зградата на Општина Битола

По уште едно каснување на дете од бездомно куче жители на населбата Баир искочија на протест пред Зградата на Општина Битола

Жители на населбата Баир во Битола излегоа на протест пред Општинската зграда по уште еден инцидент во кој дете било каснато од бездомно куче.

Жителите побараа од градоначалникот и надлежните служби да го решат проблемот со бездомните кучиња во рок од седум дена, предупредувајќи дека во спротивно ќе го блокираат влезот во општинската зграда.

Градоначалникот, изразувајќи жалење за последниот инцидент, во кој четиригодишно девојче било каснато, повика на дијалог со граѓаните и најави поинтензивна соработка со други надлежни институции за да се најде трајно решение за проблемот.

На овој начин, локалната самоуправа се обврза на мерки за контрола на бројот на бездомни кучиња и подобрување на безбедноста на јавните површини.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни