Свет

ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Турција се соочува со здравствени и хуманитарни кризи

ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Турција се соочува со здравствени и хуманитарни кризи

Во погодените области веќе се појавуваат заборавени болести како колера и шуга
Мало гратче кое се наоѓа веднаш до епицентарот на големиот земјотрес во Турција пред еден ден се прослави по тоа што немаше ниту една жртва, а уште поинтересно ниту една урната зграда. Градот Ерзин се наоѓа во најпогодената провинција – Хатај.

Очекувањата во Турција се за претстојни хуманитарни и здравствени кризи. Во погодените области веќе се појавуваат заборавени болести како колера и шуга. Условите се сурови – проточната вода е реткост, а топлата е луксуз. Масовните намирници се затворени.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни