Македонија

Побарал 2.000 денари за да не изготви записник – кривична пријава за полициски службеник за примање поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С. од Скопје, полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

На 26.07.2022, при вршење службени дејствија на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило, пријавениот побарал и примил 2.000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок.

После тоа, оштетеното лице го пријавило случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава.

Воедно, од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.    

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни