Побарале пари за ќерка и да не заврши во затвор откако удрила во дете – 84-годишна жена измамена за над 2500 евра

На 29.09.2022 во 20.30 часот во Полициската станица Аеродром, 84-годишна скопјанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 60.000 денари и 1.700 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило околу 17.30 часот и ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сака да ја спаси од затвор ќе треба да му даде пари.

Како што е пријавено, тие се договориле, по што му ги дала парите, а откако ќерка ѝ дошла дома таа сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

spot_img

Најважното