Синоќа во затворот во Куманово пронајдено е безживотното тело на 22 годишен затвореник, Лабинот Мисини. Починатиот е пронајден мртов при пребројувањето на затворениците. Причините за смртта не се познати, а случајот го потврдија и од МВР, од каде велат дека телото е предадено на обдукција.
Од Управата за извршување на санкции велат дека се преземаат сите мерки за обелоденување на случајот.
Од Управата на затворот не откриваат повеќе детали. Од таму велат дека до овие моменти немаат официјални документи за причините за смртта, само додаваат дека 22 годишникот никогаш не се пожалил на здравствени проблеми и на телото на починатиот не се пронајдени траги на насилство.
Починатиот дошол пред 1 месец и не бил сам во ќелијата.
Алијанса за Албанците излезе со реакција, барајќи оставка од министерката за одбрана, директорот и заменик директорот на затворот.
Според роднините на починатиот, тој во текот на вечерта се пожалил на здравјето и во недостиг на лекарска ноќна смена во затворот, според роднините, тој испил позајмени апчиња од затворениците.