Македонија

Почина 50-годишен скопјанец: Додека возел велосипед му се слошило

Почина 50-годишен скопјанец: Додека возел велосипед му се слошило

На 29.08.2024 во 17.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба О.С.(50) од Скопје додека возел велосипед му се слошило и паднал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен  обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни