Познатиот актер Мустафа Надаревиќ, почина денеска на 77-годишна возраст. Надаревиќ ја загуби битката со тешката болест. Тој боледуваше од канцер на белите дробови.
Надаревиќ неодамна бил пуштен од болница, а останал во својот дом во Загреб, и не излегувал поради ситуацијата со коронавирусот.
Надаревиќ е роден во БиХ во 1943 година, а за време на војната се сели во Хрватска. Во Риека завршил средно образование, а во Загреб дипломира на Академијата за драмски уметности.
Познат е по многу улоги во театарски, телевизиски и филмски остварувања, а добитник е и на бројни награди. Познат е по улогите во филмовите „Глембаеви“, „Ничија земја“, Нафака“, „Гори ватра“, „Празник“, а публикаата ја одушеви со улогата во телевизиската серија „Луд, збунет, нормален“.
.
