Македонија

Почина докторот Методи Чепреганов

Почина докторот Методи Чепреганов

Почина Проф. Др. Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија.

Со огромна жалист имформираме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов.

Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години.

Вечна му слава!“ информираат од Неуромедика.

Д-р Чепреганов беше дел од Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни