По повеќе од три децении емитување, „Симпсонови“ успеаја повторно да ја шокираат публиката – и тоа посериозно од кога било. Финалето на 36-тата сезона донесе неочекуван и емотивен пресврт што ги остави фановите ширум светот во неверица, а станува збор за смртта на еден од главните членови на семејството – Марџ Симпсон.
Во епизода сместена делумно во иднината, Барт и Лиза се обидуваат да се помират со смртта на нивната мајка, Марџ – која е прикажана како поминува време со Ринго Стар (кој, за нагласување, е сè уште жив) во задгробниот живот.
За време на повеќедецениското емитување, авторите на серијата ретко одлучуваа да ги „убијат“ ликовите, што го прави овој пресврт во епизодата наречена „Чудни нешта“ уште пошокантен.
Иако е сместена во иднината во однос на „нормалната“ временска линија на серијата, ова е прв пат една од сериите што сериозно гледа на иднината да биде без клучен член на семејството.
Марџ, навистина, почина – како што епизодата јасно покажува.
Во една трогателна сцена, Барт и Лиза читаат писмо што Марџ им го оставила во случај да почине. Во него, таа ги моли да останат заедно и да се грижат за Хомер, кој сега живее во дом за стари лица. Нема пресврт, нема илузија – русокосата хероина навистина починала.
Исто така, има сцена каде Марџ го гледа своето семејство од небото и вели:
„Пресреќна сум што моите деца се повторно блиску до мене“
Поради нелинеарната и честопати контрадикторна хронологија на серијата, што дополнително ги збунува гледачите бидејќи Симпсонови не стареат 35 години, не е јасно дали оваа иднина е „канонска“ – односно дали навистина ќе се случи во универзумот на серијата.
Да ве потсетиме дека претходно имаше епизоди кои прикажуваа различни верзии за иднината – на пример, во сезона 11 Лиза станува претседател на САД по Доналд Трамп, додека во сезона 23 беше прикажано дека е во брак со Милхаус, а Марџ и Хомер сè уште се живи.
Без оглед на временската рамка, гледачите се убедени дека Марџ ќе биде „вратена во живот“ веќе во наредните сезони.
Патем, серијата беше обновена до 40-тата сезона, која ќе се емитува во периодот 2028-2029 година.
