Почина градоначалникот на Дебар Ружди Љата

Денеска по кусо и тешко боледување на 65-годишна возраст, почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

Љата е роден на 06.05.1953 година во Дебар. Тој заврши Филолошки факултет во Приштина, а потоа и трет степен на студии на Универзитетот во Приштина, при што ја добива наградата магистер по филолошки науки.

Се вчитува...

Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница, и бил професор на Универзитетот во Приштина на Кадетрата за ориентални јазици. Бил професор и на Исламскиот факултет во Скопје и во Тетово.

Во 2013 година е градоначалник на Дебар. Во 2017 година по втор пат ја доби довербата од граѓаните.

Извор: ТВ21