Почина грчкиот пејач Василис Карас

Легендарниот грчки пејач Василис Карас почина на 70-годишна возраст, јавија грчките медиуми.

Еден од најдобрите гласови од нашиот јужен сосед долги години се бореше со ракот.

Василис Карас е роден на 12 ноември 1953 година во Кокинохори, Грција. Тој е меѓу најслушаните изведувачи.

Уживаше во љубовта на три генерации фанови. Речиси секој негов албум стана златен. Не престануваше да создава песни, а повеќето од нив стануваат хитови.

Има издадено над 40 албуми. Одржуваше концерти во различни делови на светот – Северна Америка, Европа, Азија, Австралија.