Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка – претходно почина и братот!

Во селото Злот, во близина на Бор, денеска починала мајката на Д.Д., кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, јавуваат српските медиуми.

Според информациите, таа ненадејно починала додека била на посета кај соседите, а на терен излегла и полицијата.

Во април таа го погреба својот втор син Д.Д., кој беше осомничен дека со својот брат (обвинет за убиство) го сокрил телото на малото девојче, а кој почина во полицијата во Бор за време на сослушувањето.

Таа исто така сведочеше дека не знаела ништо за убиството на Данка Илиќ и дека добила статус на привилегиран сведок.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното