Македонија

Почина македонскиот писател, блогер и режисер Сашо Стефановски – Џанго Помалиот

Почина македонскиот писател, блогер и режисер Сашо Стефановски – Џанго Помалиот

Почина македонскиот писател, блогер и режисер Сашо Стефановски попознат под псевдонимот Џанго Помалиот.

Стефановски пишуваше куса проза која ја објавуваше како Џанго Помалиот. Расказите ги објавуваше на Фејсбук и на интернет-порталот Окно, а во 2018 година ја објави збирката „Намали малце чалам“ која претставува осврт врз урбаниот маалски живот во скопската населба Кисела Вода.

Тој е автор на наградениот драмски текст „Модерна алхемија“ што самиот го режирал во МКЦ кон крајот на 1980-тите.

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

Роден е во 1965 година во Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни