Свет

Почина поранешниот канадски премиер Брајан Малрони

Почина поранешниот канадски премиер Брајан Малрони

Поранешниот премиер на Канада Брајан Малрони почина на 85-годишна возраст, објави неговата ќерка на социјалните мрежи, пренесува Бета-Франс прес. Вчера почина 18-от премиер на Канада.

Брајан Малрони, роден во Квебек, ја водеше земјата од 1984 до 1993 година.

Тој го одбележа канадскиот политички живот во 1980-тите, особено со потпишувањето на историскиот договор за слободна трговија со Соединетите Американски Држави, кој подоцна беше продолжен во Мексико.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни