Македонија

Почина Сара Пројковска, придружен вокал на групата ДНК

Почина Сара Пројковска, придружен вокал на групата ДНК

Од Факултетот за музичка уметност во Скопје во соопштение на социјалните мрежи се вели „Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица …“

Сара Пројковска беше придружен вокал на дуото „ДНК“ кое настапуваше во дискотеката „Пулс“.

И Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.

Во пожарот животот го загуби и Горги Горгиев од ДНК, а меѓу загинатите е и Филип Стевановски, клавијатурист во ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов, гитарист во ДНК.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни