Слободан Угриновски, претседателот на Титови леви сили, почина синоќа ненадејно во својот дом, соопшти неговиот син Никола.
Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија основана на 26 октомври 2005 година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз – Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.
На парламентарните избори во 2006 и 2008, Титовите леви сили настапија самостојно и освоија околу 3000 гласови, недоволни за влез во Собранието. На локалните избори во 2009 Угриновски стана советник во советот на град Скопје, но беше лустриран како соработник на југословенските тајни служби за време на неговиот мандат.
Поради несогласување со одлуката на СДСМ за бојкот на локалните избори во 2013, Сојузот на Титови леви сили ја напушти коалицијата.
