Свет

Почина трудницата чија фотографија го обиколи светот по бомбардирањето на болница

Почина трудницата чија фотографија го обиколи светот по бомбардирањето на болница
Една жена и нејзиното бебе починаа откако Русија го бомбардираше породилиштето во Мариупол каде што требаше да се породи, објави АП. Видеото и фотографиите направени по нападот, кој се случи минатата среда, ја прикажуваат жената како лежи на носилка во една од најразорните слики досега од војната. Според АП, нејзиното бебе било породено со итен царски рез во саботата, но лекарите потврдиле дека и двајцата починале. Руските власти изнесоа неосновани тврдења дека породилиштето било преземено од украински екстремисти за да го користат како база и дека болницата повеќе не работи како медицинска установа. Украинските власти силно ги оспорија овие тврдења и ја обвинија Русија за извршено воено злосторство.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни