Почина уште еден патник од македонскиот автобус кој се преврти кај Лесковац

Уште едно лице починало, по тешката сообраќајна несреќа во близина на Лесковац која се случи пред некоја недела, кога македонски автобус излета од патот и се преврти.

Од болницата во Ниш додаваат дека жената постојано била на апарати за дишење и имала тешки телесни повредни.

Се вчитува...

Останатите тешко и полесно повредени се вратени во Македонија.

„Дел се пренесени во болницата во Битола, дел на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, интензивно лекување и ургентен центар, а дел се дома“, велат од Министерство за здравство.

Автобусот на 15 декември тргнал од Битола, а крајна дестинација била Виена. Во автобусот имало 35 патници, од кои 32 беа повредени, а три лица загинаа на лице место.

Извор: ТВ21