Семејството на Жарко Лаушевиќ соопшти дека познатиот актер починал на 63-годишна возраст.
„Ја информираме јавноста дека нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување“, соопшти неговото семејство.
За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана – изјави во име на семејството неговата ќерка Анита Лаушевиќ.
Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње.
Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, а бил член на Југословенскиот драмски театар. Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во продукцијата „Прогон“.
Во своето богато уметничко творештво има голем број филмови и театарски дела и неколку книги.