Починаа двајца пациенти во Хрватска – во болница се заразиле со легионела

Двајца пациенти починале откако биле заразени со легионела во загрепската болница „Ребро“. Како што дознава Danas.hr, шест лица се заразиле со легионела во болница.

Од КБЦ Загреб за Danas.hr потврдија дека легионела се појавила во болницата и дека била изолирана во водоводот.

Се вчитува...

„Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи и бактеријата беше изолирана во водоводниот систем. Во моментов во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави Миливој Новак, помошник директор за квалитет.

Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, азитромицин, кинолони или рифампицин.

Во моментов се преземаат антиепидемиски мерки на пастеризација, повеќекратно испирање на системот и поставување на филтри.