Во психијатриската болница во Демир Хисар е пронајден починат пациент, маж од радовишкото село Дедино, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 30.05.2026 година во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во установата починал И.Г. од село Дедино, радовишко, кој бил сместен како пациент.
Засега не е соопштена неговата возраст, а причините за смртта ќе бидат утврдени по извршена обдукција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.