Македонија

Почна печатењето на новите учебници – испораката целосно ќе се заокружи во ноември

Почна печатењето на новите учебници – испораката целосно ќе се заокружи во ноември

Почна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година прв пат ќе се употребуваат. Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование, информираат од Министерство за образование и наука.

Како што велат од МОН, согласно Договорот со економскиот оператор, печатницата Европа 92, целосната испорака ќе биде заокружена во текот на следниот месец.

МОН наведува дека заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, зашто тоа, нагласува, е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни