4NEWS.mk

Почна средбата Мицкоски – Ахмети

Со половина час задоцнување почна средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети околу консултациите за техничка влада. Мицкоски треба да понуди име за министер за внатрешни работи, кој треба според закон да добие потврда и од двете најголеми партии на власт. Понудата на опозициската партија се уште не е позната. 

Од собранието каде што се одржува средбата со Ахмети, Мицкоски ќе има средба и во владата со лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев. 

 

Катерина Нешкова 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни