Центарот за заштита и спасување е подготвен за дејствување во случаи на пожари, вели директорот, Аднан Џафероски. Тој истакна дека е извршена контрола на противпожарните авиони кои се подготвени да интервенираат доколку има потреба за такво нешто.
Исто така Центарот од 15 јули до 15 август ќе спроведе кампања за заштита од пожари. Кампањата ќе се одвива на цела територија на земјава преку едукација на граѓаните со помош на прирачник, едукативни плакати и медиумска промоција.
Џафероски истакна дека целта на кампањата не е само спречување туку и едукација со подигање на свеста на граѓаните за сите можни опасности од пожарите, со оглед на тоа дека влегуваме во таканаречениот критичен период за појава на пожари на отворен простор. Тој додаде дека соработката со МВР и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од месец март преземаат мерки за спречување, носејќи забрана за влез во шумите, освен вработените во ЈП Национални Шуми и другите субјекти кои ги менаџираат овие простори.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ