Балкан

Почнува повлекувањето на цистерните со амонијак кај Пирот

Почнува повлекувањето на цистерните со амонијак кај Пирот

Почнува повлекувањето на цистерните со амонијак кај Пирот. Ова го пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на Штабот за вонредни состојби. Во градот сè уште е во сила вонредната состојба додека не се отстранат цистерните. Отстранувањето на цистерните почнува денеска и ќе трае најмалку пет до десет дена, известија од Штабот за вонредни состојби.

Луѓето кои живеат во близина ќе бидат евакуирани, а сообраќајот повторно ќе биде затворен по дел од Коридорот 10. Според последните мерења, во воздухот нема амонијак. Сепак, во водата на реката Нишава има вишок на норми, јавува bTV.

Животот во Пирот почна да се нормализира. Градинките и училиштата сега работат нормално, со исклучок на училиштата во селата Станичене, Сопот и Црвенчево, недалеку од местото на несреќата, каде што се преврте цистерната со амонијак.

Началникот на Генералштабот рече дека вонредната состојба во Пирот се уште не е укината бидејќи опасноста не е помината.

„Кога ќе се извадат цистерните, бидејќи тогаш сообраќајот на автопатот повторно ќе треба да биде блокиран. Можеби ќе биде потребна евакуација на луѓе во радиус од 500 метри до еден километар“, соопшти штабот.

Вагон со амонијак се превртел во неделата на железничката пруга меѓу Пирот и Станичене, при што гасот е испуштен во атмосферата. Две лица починаа, а повеќе од 50 лица се хоспитализирани поради симптоми на труење со амонијак.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни