Во 10 часот започнa судскиот процес против Љупчо Георгиевски, претседател на поранешниот бугарскиот културен клуб „Ванчо Михаилов“ од Битола.
Тој е обвинет за дистрибуција на расистички и ксенофобичен материјал. Георгиевски, беше на распит во обвинителството во Битола во декември 2022 година.
Ова следува откако пријава поднесе политичката партија „Левица“. Против Георгиевски пријава поднесе и Комисијата за дискриминација.
Со посебно усвоена законска регулатива, поради името беше затворен клубот „Иван Михаилов“, на чие отворање присуствуваа и тогашниот премиер Кирил Петков и потпретседателката Илијана Јотова.