Почнува светската турнеја на поп ѕвездата Бијонсе. Пејачката ќе има концерти низ цела Европа и Северна Америка.
Турнејата беше најавена неколку дена пред доделувањето на наградите Греми. Бијонсе е најнаградуваната жена во историјата на Греми. Досега има освоено 28 статуетки.
Интересот за нејзините концерти е огромен, бидејќи нејзината претходна турнеја на светските сцени беше пред седум години.
