Подароци од децата за децата, 100 пакетчиња за болните дечиња

Го отвори пакетчето со љубопитност. Иако во болница, ова мало девојче и другите деца за миг заборавија на болката со подароците кои ги добија. Во нива имаше играчки, школски прибор и колачиња. Овие пакетчиња се посебни бидејќи ги подготвија децата од Германија кои им ги посветија на децата од Македонија.

Директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, се заблагодари на хуманитарната организација АДРА за подарените 100 пакетчиња. Таа рече дека на клиниката се хоспитализирани околу 100 деца и оваа бројка е помала во споредба со минатата година.

Се вчитува...

АДРА е меѓународна хуманитарна организација која има за цел подобрување на квалитетот на животот на луѓето. Од оваа организација велат дека во текот на празниците поделиле уште други 500 пакетчиња во руралните места и дисперзираните училишта и дека со оваа донација на Клиниката за детски болести ги заокружуваат активностите за оваа година.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21