Свет

Податоците за сообраќајот во живо на „Карти на Google“ се исклучени во Украина

Податоците за сообраќајот во живо на „Карти на Google“ се исклучени во Украина

Google го оневозможи прикажувањето на податоците за сообраќајот во Украина во живо на нејзината апликација „Карти“ по руската инвазија.

Апликацијата покажува колку се зафатени патиштата со собирање анонимни податоци од паметните телефони со Android, но сега е привремено исклучена во регионот за да ги заштити корисниците.

Гугл го потврди потегот за Би-Би-Си, откако изјави за Ројтерс дека презема акција за безбедноста на локалните заедници, по консултација со регионалните власти.

Додека податоците за сообраќајот се оневозможени, нормалните функции за навигација на карти сè уште функционираат правилно во областа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни