Поддршка од пратениците на движење БЕСА, движењето против коцкање не се откажува од барањата

Движењето против коцкање не се откажува од нивните барања за дислокација на казината и спортските обложувалници, на 3 километри од населените места. Амандманите поднесени од ова движење добија поддршка од сите албански политички партии, ДУИ, АА и Движење Беса. Од друга страна, Движењето против коцкање јавно побараа средба со партиските лидери.

„Прашањето за игрите на среќа или несреќата на нашето општество, претставува проблем кој не засега сите. Затоа, Движење Беса иницијативата ќе ја пренесе во Парламент со нашите пратеници, и ќе го кренеме гласот за поддршка и нивна заштита, бидејќи ова е благородна идеја која ќе не спаси од ова црнило што не опфати како општество.“, вели Биљал Касами.

Побарана беше и поддршката и од тројцата пратеници од истата партија, но од огранокот на Африм Гаши.

„Барањата се многу реални, објективни и во интерес на општеството, за отстранување на лошите навики на нашето општество. Нашиот политички субјект ќе ги поддржи, се со цел да се стигне до Предлог Закон“, рече Гаши.

Од Движењето против коцкање, изјавија дека се задоволни од добиената поддршка од политичките партии, и дека нивните поднесени амандмани ќе бидат поддржени од пратениците Албанци.

„Поддршката која ја доби Движењето против коцкање и нашите барања, е важна. Разговаравме за тоа овој закон да биде усвоен што поскоро. Законот ќе овозможи да ги дислоцираме сите казина и спортистки обложувалници од градот Тетово и пошироко. Веруваме дека во Тетово, со поддршката што ја имаме , ќе успееме да ги оддалечиме и да донесеме подобар закон за сите“, вели Џемал Абдиу.

Движењето против коцкање јавно побара казината, спортските обложувалници и сличните игри на среќа да се дислоцираат на три километри од населените места, да се изготви национална стратегија за едукација околу штетите од коцкањето. Тие ги повикуваат сите пратеници да не гласат за предлог законот на Министерството за финансии, со кој според нив ќе се олесни бизнисот со игрите на среќа.

Репортер: Арменд Абази

 

Извор: ТВ21