Подготвен нацрт-законот за амнестија: Нема амнестија за организаторите и напаѓачите на 27 април

Собраниското тело за помирување го усвои нацрт-текстот за амнестија за настаните од 27 април. Со тоа, според пратеникот Зеќир Рамчиловиќ нема да има амнестија за организаторите и напаѓачите од 27 април. Пратеникот Рамчиловиќ не наведе конкретно кои се лицата и категори кои ќе бидат опфатени со амнестијата.

ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на ова тело, бидејќи според опозициската партија, ова се политички пазарења поврзани со уставните измени во Република Македонија. 

Се вчитува...

За СДСМ предлогот е прифатлив.

Предлогот ќе биде испратен на понатамошно разгледување во повисоките инстанци во Собранието и ќе биде побарано што поскоро да влезе во собраниска процедура со цел да добие законска рамка.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21