Македонија

Поднесена кривична пријава за бугарскиот културен центар во Битола „Ванчо Михајлов“

Поднесена кривична пријава за бугарскиот културен центар во Битола „Ванчо Михајлов“

Основното јавно обвинителство во Битола постапува по две кривични пријави за регистрација и функицонирање на културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, објави Телма.

Едната пријава е поднесена од политичката партија Левица и се однесува на цитат од Ванчо Михајлов кој е врамен до неговите портрети во внатрешноста на клубот. Со цитатот Михајлов ја негира македонската нација.

Другата кривична пријава е поднесена од граѓанин. Од обвинителството велат дека од двете пријави оформен е еден предмет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни