Партијата Левица вели дека со 1.300 амандмани блокираат поткуп на медиуми.
Според нив, Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист.
„Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудиовизуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите“, соопштија од партијата.
Претходно, од партијата истакнаа дека премиерот Димитар Ковачевски оди по стапките на поранешниот македонскиот премиер Никола Груевски со оваа практика. Сметаат дека целта е да го задушат јавниот простор и слободната мисла.