Погледнете го моментот на апсењето на момчето (12) кое уби соученик во училиште во Финска: Се знае од каде му е оружјето

Финската полиција денеска соопшти дека 12-годишното момче осомничено дека пукало и убил соученик и повредило уште двајца, било жртва на малтретирање, што наводно го навело да го изврши ужасното злосторство.

„Мотивот за тој чин е идентификуван како насилство од врсници. Осомничениот на рочиштето во полиција изјавил дека бил жртва на малтретирање, а оваа информација е потврдена и во полициската прелиминарна истрага“, се вели во полициското соопштение.

Тие додале дека момчето на почетокот на годината било префрлено во ново училиште и дека се мачело да се зближи со новите соученици.

Оваа информација дојде неколку часа откако група ожалостени утринава се собраа пред училиштето за да му оддадат почит на убиеното дете.

Вчерашниот напад ја шокираше Финска, но и цела Европа, а во моментов сино-белите знамиња се на половина копје, додека голем број луѓе, меѓу кои родители, наставници и соученици, полагаат цвеќе и палат свеќи во близина на училишната зграда каде пукањето се случило.

Финската влада ја прогласи средата за ден на жалост ширум земјата, наредувајќи им на сите државни агенции и институции да го веат државното знаме на половина копје.

Многу приватни домаќинства низ Финска се приклучија на комеморацијата.

Да потсетиме, момчето беше сослушано вчера, кога наводно го признал убиството. Бидејќи по закон не може кривично да одговара бидејќи е под 15 години, вчера беше предаден во Центарот за социјална работа, а се очекува неговото сослушување да продолжи денеска.

Инаку, момчето употребило оружје на негов близок роднина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното