Денеска во Лесковац беше погребан младиот човек А.И. (17) кој бил претепан до смрт во средата на 27 ноември додека се враќал од училиште, јавува „Курир“. Полицијата уапсила две млади момчиња од кои Н.А. (18) биде обвинет за убиство.
Тој денеска беше погребан на гробиштата Светолије. Момчето до вечното почивање го придружуваа неговите најблиски, згрижувачи, а на погребот беа присутни и голем број негови школски другари.
Да потсетиме, тој наводно бил претепан од Н.А. (18) во средата, на 27 ноември, пред средното училиште во Лесковац, додека А.И. (17) се враќал дома. За жал, од здобиените повреди набрзо починал во Ургентниот центар во Лесковац.
Од 2011 година живеел во згрижувачко семејство. Неговите згрижувачки родители за злосторството и неговата смрт дознале од медиумите.
