Се уште останува отворена поканата на Премиерот за лидерската средба, а Зоран Заев се уште се надева на учество на лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски. Тој вели дека не му е јасно како Мицкоски бара предвремени избори, без претходно да се договорат за Изборниот законик.
Премиерот тврди дека „нема намера да му ја исполни желбата за избори“ меѓутоа е подготвен да разговара за сите предлози од другите лидери.
И денеска од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на истиот став како досега.
Лидерот на опозициската, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја условува лидерската средба со барање прва точка да бидат предвремените парламентарни избори.
Лидерската средба Заев ја свика во петок, во 14 часот, додека со Мицкоски, Ахмети и Сеља, предложил да дебатираат за: Судбината на СЈО, Изборниот Законик и Пописот на населението. Ахмети и Сеља одговориле позитивно на поканата.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ