Македонија

Полицаец сведок: Пријател на таткото на Вања ја имаше снимката од возилото на Панче

Полицаец сведок: Пријател на таткото на Вања ја имаше снимката од возилото на Панче

Полицаецот Музафер Карашиќ, на предлог на Обвинителството денеска сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Тој учествувал во потрагата на Вања, и кажа дека таткото на девојчето Александар и негов пријател по име Гоце имале снимки и од автомобилот на Панче, и притоа не кажале од каде им се снимките.

„Таткото повеќе се интересираше, што ние имаме, отколку да помогне во истрагата. Од страна на Гоце ми беа испратени многу пораки и снимки. Една би издвоил. Гоце ми испрати слика и снимка од возило на бензиска пупма во Велес, ние тогаш не знаевме за какво возило се работи. Тогаш не нѝ беше јасно бидејќи не беа поврзани случаите. Подоцна сфативме дека на сликата беше Панче со уште едно лице во возилото. Подоцна ние аналзииравме од каде им е таа снимка на Гоце, но не кажаа од каде им е“, изјави Карашиќ пред Судот и додаде:

„Тогаш имавме само информација дека е исчезнат пензионерот, немавме никаква поврзаност“, вели Каришиќ.

Тој рече дека Гоце не дал појаснување од каде им е снимката, и дека имал роднина кој работел на бензинска пумпа.

„Не даде Гоце појасување од каде им е снимката и од каде ги знае тие моменти. Рече дека има братучед кој работи на бензинска пумпа, но ништо повеќе не кажа“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни