Breaking Барот кој се запали во Бангкок последно бил проверен во април и немал соодветна лиценца за ресторан и место за музика во живо
Македонија

Полицијата фати возач кој возел 70 километри повеќе од дозволената брзина, казнети вкупно 191 возач

Полицијата фати возач кој возел 70 километри повеќе од дозволената брзина, казнети вкупно 191 возач

Во текот на вчерашниот ден (11.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возач. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 84 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни