Полицијата го пребарува просторот околу куќата на Д.Д., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, по чие тело се трага. На терен е и противпожарно возило.
Како што јави репортерот Н1, претресени се зградите до дворот како и потокот во непосредна близина во селото Злот.
Спасувачките екипи и неколку возила на МУП се на терен.
Како што претходно објави репортерот Н1, во понеделникот повторно била претресена куќата на осомничениот Д.Д., од каде биле одземени некои предмети. Немаме точни информации за кои предмети станува збор.
Потсетуваме, претходните денови се пребаруваше и просторот околу Кањонот Лазарев, пештерата Лазарев и по течението на Злотска река, но нема попрецизни информации каде се уште би можело да се изврши потрагата. Некои медиуми денеска објавија дека претрес се врши и на новите гробишта во Злот.
Во меѓувреме, во Бор сè уште доаѓаат луѓе, палат свеќи во центарот на градот и оставаат разни ситници и играчки, со што им оддаваат почит на убиените.
