Полицијата го барала за в затвор, а тој на „Табановце“ сакал да ја напушти Македонија

На 27.08.2021 во 16.00 часот на граничен премин „Табановце“ полициски службеници го лишиле од слобода Ф.А.(54) од с.Праленик- Центар Жупа бидејќи при извршена контрола било констатирано дека истиот се бара за издржување затворска казна поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.297 став 3 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.